Barış Seçkin
20 Јануари 2017•Ажурирај: 21 Јануари 2017
РИМ (АА) - Најмалку осум лица се спасени од под урнатините на хотелот Ригопиано во подножјето на планината Гран Сасо во западниот дел на Пескара во Италија, кој завчера го затрпа лавина, јавува Anadolu Agency (AA).
Серијата земјотреси, што пред два дена ја погоди Италија, предизвика лавина, која го затрупа хотелот Ригопиано, а во акциите за потрага и спасување, се пронајдени осум лица.
Според италијанските медиуми, во време кога тимовите на терен почнале да губат надеж дека ќе пронајдат преживеани лица во оваа несреќа, дојдоа до добри вести.
По 43 часа од пребарувањето под урнатините биле спасени осум лица, меѓу кои има и една жена и две деца.
Лицата кои се извлечени се хоспитализирани во болницата во Пескара, а екипите на терен ја продолжуваат потрагата по останатите лица кои за време на несреќата се наоѓале во хотелот.
Потврдено е дека во хотелот се наоѓале 35 луѓе, 11 вработени и 24 гости. Италијанските медиуми тврдат дека спасувачите дошле до три тела, а тимови на теренот тврдат дека се работи за две.