Kasım İleri
21 Јануари 2017•Ажурирај: 22 Јануари 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Во текот на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, одржани се протести, во текот на кои се приведени 217 лица, а повредени се шест полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).
Питер Њушам, начелник на полицијата во Вашингтон, за новинарите изјави дека протестите се оджани на неколку локации во Вашингтон и дека имаше нереди.
Во нередите, според неговите зборови, учествуваа околу 500 лица. Њушам истакна дека мала група демонстранти предизвикала сериозна материјална штета во одредени делови на градот.
„Од синоќа се приведени 217 лица. Полесно се повредени шест полицајци", појасни началникот на полицијата. Се очекува дека протестите против Доналд Трамп би можеле да потраат некое време.
Протести против Трамп се одржани и на улиците на Лондон и во уште неколку британски градови.
Трамп во петок во Капитол во Вашингтон положи заклетва со што и официјално стана 45. претседател на Соединетите Американски Држави.