Zehra Ulucak
14 Март 2017•Ажурирај: 15 Март 2017
ВЕЛИНГТОН (АА) - Откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), сѐ поголем е бројот на Американци кои поднесуваат барање за државјанство на Нов Зеланд, јавува Anadolu Agency (AA).
Податоците за миграцијата покажуваат дека во период од 12 недели, или поточно, меѓу 8 ноември и 31 јануари, бројот на Американците што поднеле барање за стекнување државјанство од Нов Зеланд се зголемил за 70 отсто, во споредба со истиот период минатата година.
Исто така, за 18 отсто е зголемен бројот на американски државјани кои имаат добиено работна виза за Нов Зеланд.
Интересот за државјанство од Нов Зеланд е зголемено и кај Американците чии родители се од Нов Зеланд, а бројот на овие барања е зголемен за 11 проценти.
За да добијат државјанство од Нов Зеланд, Американците треба пет години да престојуваат во таа земја.