Американската конгресменка Омар: Колку повеќе Трамп зборува за мене, толку повеќе закани со смрт добивам
„Она што го покажуваат фактите откако стапив на функција е дека секој пат кога претседателот на САД ќе избере да користи реторика на омраза за да зборува за мене и за заедницата што ја претставувам, заканите кон мене со смрт вртоглаво растат“
ВАШИНГТОН (АА) – Претставничката во Конгресот на Соединетите Американски Држави (САД) од редот на демократите, Илхан Омар, остро ја критикуваше „реториката на омраза“ од страна на американскиот претседател Доналд Трамп против неа, велејќи дека зборовите на врховниот командант поттикнале пораст на заканите со смрт кон неа, јавува Анадолу.
„Она што го покажуваат фактите откако стапив на избраната функција е дека секој пат кога претседателот на Соединетите Американски Држави ќе избере да користи реторика на омраза за да зборува за мене и за заедницата што ја претставувам, заканите кон мене со смрт вртоглаво растат“, рече Омар за време на прес-конференцијата во нејзиниот роден град Минеаполис, Минесота.
Само по еден ден откако маж ја нападна во Градското собрание, Омар изјави дека откако Трамп повторно ја презел функцијата, неговите повторни вербални напади резултирале со она со што се соочила, со „најголем“ број закани со смрт од кој било член на Конгресот.
„Синоќа, човекот што ме нападна беше особено вознемирен што наредбата на Трамп за депортирање на Сомалијци не резултираше со доволно депортации на Сомалијци. Затоа сакаше да дојде по лицето за кое смета дека ги штити Сомалијците. Па, ние сме заштитени со Уставот“, рече таа со бурен аплауз во „Кармел мол“.
Човекот обвинет за напад врз Омар во вторникот вечерта е идентификуван од страна на надлежните како Ентони Казмјерчак (55). Тој беше соборен на земја откако стана од публиката додека Омар се обраќаше на состанок на Градското собрание и ја испрска со непозната супстанција од она што изгледаше како шприц.
Тој е задржан во затворот во округот Хенепин под обвинение за напад од трет степен. Полицијата во Минеаполис претходно вчера соопшти дека истрагата ја презело ФБИ.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
