Abdullah Aşıran
14 Март 2017•Ажурирај: 15 Март 2017
РОТЕРДАМ (АА) - Претседателот на општина Ротердам, Ахмед Абуталеб, рече дека специјалците имале дозвола од холандските власти да користат огнено оружје при сопирањето на возилото на турската министерка за семејство и социјална политика, Фатма Бетул Сајан Каја и при нејзината депортација, јавува Anadolu Agency (AA).
Абуталеб даде изјава за јавниот радиодифузен сервис на Холандија, НОС ТВ, за дванаесеттемина лица со „широки рамења“ кои биле покрај министерката Каја и за кои не се знаело дали се вооружени или не. Во врска со тоа, Абуталеб рече: „Ситуацијата беше застрашувачка“.
Тој потсети дека испратиле специјална единица поради можноста лицата од придружбата на министерката Каја да користат огнено оружје. „Тоа го направивме бидејќи беше потребно во вонредна ситуација ние да ја имаме контролата над тоа место“, истакна Абуталеб.
- „Беше дадена дозвола за користење огнено оружје -
На прашањето на водителот: „Дојде еден министер, што би можело да се случи?” претседателот на општина Ротердам, Абуталеб, одговори: „Обезбедувањето на министерката можеше да отвори оган“. Тој посочи дека специјалната единица била испратена само поради обезбедувањето на министерката. „Специјалната единица на Холандија имаше добиено дозвола да отвори оган доколку членовите од обезбедувањето на министерката, на барањето на полицијата да се предадат, ги спуштат рацете кон појасот“.
Пред да ѝ биде забранет влезот на министерката Каја во конзулатот на Турција во Ротердам, членовите на нејзиното обезбедување беа приведени. Полицијата сакаше насилно да ја извлече министерката Каја од нејзиното возило. Беше донесено возило на шлеп-службата, по што министерката беше принудена да ја отклучи вратата од возилото. Со друго возило и со полициска придружба, министерката Каја беше пренесена до границата со Германија.