Erkan Avci
01 Мај 2016•Ажурирај: 02 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Пред Белата куќа во центарот на Вашингтон синоќа се одржаа мирни протести поради повеќедневните воздушни напади извршени на подрачјето на Алепо од страна на силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и руските сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Десетина демонстранти ги носеа знамињана САД и Сирија, а на транспарентите беа испишани пораки од типот „Гори Алепо, гориме и ние" и „Народот на Сирија не е сам".
Демонстрантите со запалени свеќи напишаа порака „Спасете го Алепо", а ги извикуваа слоганите од типот „Да живее Сирија и Слобода за Сирија".
Осудувајќи ги нападите на цивилите во Алепо, демонстрантите ја повикаа управата на американскиот претседател Барак Обама да не биде нем набљудувач на крвопролевањето во Сирија.
„Силите на сирискиот режим и руските сили го опустошија Алепо. Светот само пасивно ја гледа трагедијата во Сирија. Така е веќе шест години, а петок беше особено тежок ден, бидејќи за прв пат во Алепо не можеше да се клања џума намаз. Тоа е болно за тамошните муслимани", изјави Мејем Ебу Језалп за АА.
Осудуваќи го американскиот претседател Обама дека не ги исполнил дадените ветувања, Језал рече дека веќе не ѝ верува на американската власт и дека луѓето ќе продолжат и понатаму да протестираат.
Американецот Кевин Милер истакна дека Обама за време на својот мандат дал многу ветувања, но ништо не направил зa да го спречи страдањето на невините луѓе во Сирија.
Го повика официјален Вашингтон да стори нешто конкретно по прашањето на воспоставување на „безбедносна зона" во која би можеле да се заштитат сириските цивили.