Servet Günerigök
14 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
ВАШИНГТОН
Најмалку 33 лица загинаа во пожарите што беснеат покрај западниот брег на САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според државната агенција „Кал Фајр“, во Калифорнија, каде што 3,3 милиони хектари се изгорени во пожарот оваа година, за 22 лица е потврдено дека ги изгубиле своите животи.
„Вкупно 4.716 објекти се оштетени или уништени во Калифорнија како резултат на повеќе од 7.700 пожари“, соопшти агенцијата.
Десет лица загинаа во Орегон и едно во Вашингтон.
Директорот на Канцеларијата за управување со вонредни состојби во Орегон, Ендру Фелпс, предупредува на „инцидент со масовна смртност“ како последица на големите пожари.
„Многу структури се изгубени. Ќе има голем број жртви, луѓе коишто не можеле да добијат предупредување навреме и да ги евакуираат своите домови и да се озбезбедат“, изјави Фелпс за „Ем-си-ен-би-си“ (MSNBC).
Како последица на пожарите во Орегон, десетици илјади лица ги напуштија нивните домови, а десетици лица се водат за исчезнати.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денес треба да ја посети Калифорнија за да се информира за пожарите.