Mahmut Atanur
14 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
ЏАКАРТА (АА) - Над 1.400 домови останаа под вода како резултат на поплавите во индонезиската покраина Западен Калимантан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Националната агенција за управување со катастрофи на земјата, поројните дождови вчера предизвикале поллави во подрачјето на Мелави.
Властите нагласија дека во овие рамки поплавени се 1.469 домови, додека 5.369 лица биле погодени од поплавите.
Според соопштеното, досега во поплавите загина едно лице.
Во ова подрачје, евакуирани се најмалку 70 семејства чии куќи се оштетени.