свет

Дождовите во Австралија изгасија третина од пожарите

Поројните дождови што започнаа вчера во државата Нов Јужен Велс (NSW), Австралија, изгасија 20 од 62 пожари што продолжуваа низ целата држава со месеци

Recep Şakar  | 07.02.2020 - Обновена : 08.02.2020
Дождовите во Австралија изгасија третина од пожарите

МЕЛБУРН (АА) – Силните дождови што започнаа вчера во државата Нов Јужен Велс (NSW), Австралија, изгасија 20 од 62 пожари што продолжуваа низ целата држава со месеци, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Руралната противпожарна служба на Нов Јужен Велс, силните врнежи од дожд низ државата изгасија една третина од активните пожари.

Исто така, наведено е дека продолжуваат уште 42 пожари од кои 17 се неконтролирани.

Портпаролката на пожарникарите, Ангела Бурфорд, истакнувајќи дека дождовите им помогнале на пожарникарите во гасењето на пожарот, рече: „Ова е постојан, стабилен и соодветен дожд, за кој веќе долго време се молиме.“

Се очекува на крајот на неделата да се зголемат дождовите кои ќе ја олеснат работата на пожарникарите во гасењето на пожарите.

Австралиската Метеоролошка станица соопшти дека во текот на неделата дождовите ќе продолжат во државите на Нов Јужен Велс и Квинсленд.

- Пожарите започнаа поради сушата во земјата

Триесет и три лица ги загубија своите животи во најголемите шумски пожари во историјата на земјата, кои започнаа во септември во државата Нов Јужен Велс. Тие беа ефективни и во државите Квинсленд, Викторија и Јужна Австралија. Во пожарите кои сѐ уште продолжуваат, изгорени се 3.000 куќи, уништено е повеќе од 11 милиони хектари земјиште, а загинаа 500 милиони животни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.