Yüksel Serdar Oğuz
12 Мај 2017•Ажурирај: 13 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им врачи денес турски лични карти на седумгодишната сириска активистка Бана Алабед и на нејзиното семејство, кои избегаа во Турција од сирискиот град Алепо, уништен од војната, откако претходно им беше доделено турско државјанство, јавува Anadolu Agency (AA).
Бана, нејзината мајка, татко ѝ, и нејзините двајца помлади браќа беа меѓу илјадниците евакуирани од градот Алепо во декември минатата година. Градот беше опколен од страна на сирискиот режим.
Кратко време по доаѓањето на семејството Алабед во Турција тие официјално беа пречекани од страна на претседателот Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган во главниот град на Турција, Анкара.