Sibel Uğurlu
12 Мај 2017•Ажурирај: 13 Мај 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - „Turkish Airlines“ денес започна на летовите од истанбулскиот аеродром „Ататурк“ за Велика Британија, на патниците од бизнис класата да им нуди лаптоп за користење, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа услуга беше достапна за патниците на утринскиот лет за Манчестер. Патниците од бизнис класата, своите лаптоп компјутери ќе мораат да му ги предадат на персоналот на „Turkish Airlines“ и да побараат од кабинскиот персонал лаптоп за користење за време на летот.
Ваквиот потег на компанијата „Turkish Airlines“ (Туркиш Ерлајнс) следува по одлуката на САД и на Велика Британија да се забрани користењето на лаптоп во кабините, на летовите од северна Африка, Турција и од Блискиот Исток.
Турскиот авиопревозник претходно воведе слична услуга на летовите за САД.
Британија на 21 март ја воведе мерката што се однесува на лаптопите, таблетите и на некои мобилни телефони, и многу е слична на онаа што претходно ја донесе Одделот за национална безбедност на САД.
Уредите што „Turkish Airlines“ ги нуди на своите летови можат да се користат како лаптопи и како таблети со екран на допир. Патниците ќе можат да ги зачуваат своите податоци на УСБ мемориски стик, а сите лични податоци ќе бидат избришани откако уредот ќе се исклучи.