Barış Gündoğan
13 Мај 2017•Ажурирај: 14 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку седум припадници на сепаратистичката терористичка oрганизација ПКК се убиени во воздушен напад на турските сили во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Група терористи на ПКК се обидела да ја премине границата и да дојде до турската база во Чукурџа, во близина на југоисточниот турски град Хакќари
Во воздушниот напад на турските авиони се неутрализирани најмалку седум терористи на ПКК.
Од почетокот на годината во и околу Хакќари неутрализирани се вкупно 166 членови на оваа терористичка организација.
По успешната акција авионите се вратија во базата.