Seda Sevencan
26 Јануари 2021•Ажурирај: 27 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ/АНКАРА/КИРКЛАРЕЛИ (АА) - Најмалку 71 лице, што се товарат за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, се приведени во операциите низ Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Полициските тимови спроведоа истовремени операции во пет области и приведоа 25 осомничени лица откако обвинителите издадоа налози за приведување на 36 лица“, соопштија безбедносни извори, кои зборуваа под услов на анонимност.
Обвинетите се товарат дека обезбедувале финансиска поддршка за ФЕТО, а за некои од нив е откриено дека ја користеле апликацијата за шифрирани пораки „БајЛок“.
„Истражителите констатираа дека тројца осомничени ја напуштиле Турција, а се работи на откривање на преостанатите осум“, велат изворите.
Во операцијата во западната област Измир, безбедносните сили фатија 35 осомничени припадници на ФЕТО, вклучувајќи поранешен полициски началник, отпуштени судии и војници.
„Осомничените често ги менуваа своите локации избегнувајќи да бидат фатени и изнајмуваа домови преку луѓе за кои не постојат наводи за поврзаност со ФЕТО“, велат изворите.
За време на рациите се запленети документи за идентификација, пари и дигитален материјал.
Во одвоена операција во северозападната област Киркларели е приведен подофицер, кој се наоѓал на листата на барани лица, а кој е идентификуван со иницијалите И.П.
„Безбедносните тимови приведоа уште 10 осомничени лица во рациите низ 13 области“, велат безбедносните извори.
Операциите се спроведени откако обвинителите во главниот град Анкара издадоа налози за приведување на 19 лица поради наводи за поврзаност со ФЕТО.
„Напорите за да се фатат останатите лица се во тек“, додаваат изворите.
Терористичката ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 лица беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на свои приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.