Dilan Pamuk
26 Јануари 2021•Ажурирај: 27 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за култура и туризам на веб-страницата „Go Turkey“ понуди информации во врска со специјалитетите на турската кујна, гастрономските правци и извонредните ресторани, јавува Агенција Анадолија (АА).
На веб-страницата која го претставува туризмот и културното богатство на Турција, Министерството го вклучи и богатството на турската кујна.
Нагласувајќи дека широкиот спектар на флора и фауна во земјата во голема мера придонесува за регионалните јадења и дека секој регион нуди различно гастрономско искуство, веб-страницата обезбедува информации поврзани со категории како што се турски појадок, улична храна, ресторани, добра храна, уникатна храна и пијалаци, мезе, денови на жетва, здрава турска кујна, мрежа на креативни градови на УНЕСКО и гастроправци.
Обезбедувајќи детални информации за различните видови појадок во Егејскиот Регион на Турција, југоисточниот дел на провинциите Газиантеп и во источен Ван, како и во нејзиниот регион на Црното Море, Министерството посочува дека турската кујна што содржи јадења за појадок е меѓу 10-те најдобри во светот.
Веб-страницата, исто така, привлекува внимание на вегетаријанските јадења и соодветно препорачува храна, како што се сарма од лозов лист, шарен црвен грав, срце од артичок, шакшука (сушени пржени патлиџани во сос од домати и лук) чиг ќофте, бурек како молив (тенок) и пржени рендани тиквчки („јапрак сармаси“ „барбунија фасуљеси“ „енгинар калби“, „саксука“, „чиг ќофте“, „калем бореги“ и „муџвер“).
„Go Turkey“ има за цел комбинирање на вкусовите со сите пет сетила и дава препораки за кулинарските задоволства од сите седум региони на земјата, обележјата во овие региони, па дури и мирисите што може да се забележат.
Веб-страницата, исто така, обезбедува и некои рецепти за храна што може да се подготви и дома.