Aydın Arık
26 Јануари 2021•Ажурирај: 27 Јануари 2021
БИНЃОЛ
Умит Тугунмуш, претприемач од Бинѓол, кој работи како вулканизер и има пералница, старите и фрлени гуми ги претвори во дом за мачки, известува Агенција Анадолија (АА).
Тугунмуш (25), сопственик на фирма за поправка на автомобилски гуми и пералница, од фрлените гуми изработи домови за мачките на кои им е потребно засолниште во студените денови.

Тугунмуш ги направи од гуми домовите за мачки и ги постави на повеќе различни локации во градот, а жителите од тие подрачја оставаат храна за мачките на тие места.
Тугунмуш за АА изјави дека видел како додека вршел поправка на гумите, мачки влегувале под возилата поради студот, па затоа решил да направи такво нешто.
Зборувајќи дека домовите за мачки ги направил од стари автомобилски гуми, Тугунмуш рече: „Одлучив да изградам домови за мачките. Изградив колку што можев повеќе засолништа за мачки. Ги оставив на одредени локации во Бинѓол. И граѓаните, Господ да ги благослови, почнаа да остават храна за мачките.“

Зборувајќи дека посакува неговото дело да биде важен пример и во смисла на подигање на свеста кај луѓето за односот кон животните, Тугунмуш изјави дека и Општината Бинѓол дала поддршка во храна за мачките.
„Дејствував според мојата совест и ќе продолжам да им помагам на бездомните животни. Среќен сум што им обезбедив топол дом на мачките“, рече Тугунмуш.