Bekim Laci
31 Октомври 2018•Ажурирај: 01 Ноември 2018
ВАН (АА) - Мачките со разнобојни очи, како што е мачката снимена од објективот на Anadolu Agency (AA) во турскиот град Ван, се еден редок феномен предизвикан од хетерохромија како резултат на ниско ниво на меланин. Сепак, ова е причината што ваквите мачки се многу популарни и често можете да ги видите дека се споделуваат на социјалните мрежи.
Тие се познати и како мачки со чудни очи. Имено, двете очи на овие мачки се со различни бои, од кои обично едното око е сина, а другото зелена, кафеава или жолта.
Мачките со две различни очи, обично се бели по боја, или дел од нивното тело е бело поради истиот ген којшто е одговорен за бојата на крзното, кој ја одредува и бојата на нивните очи.
Ваквите мачки се родени со сини очи, но потоа меланинот оди кон ирисот и предизвикува промена на бојата во зелено, жолто или кафеаво.
Експертите велат дека белите мачки со две сини очи имаат повисока тенденција за развој на глувост веднаш по раѓањето отколку мачките со различни бои.
Мачките со разнобојни очи немаат некој проблем што се однесува на видот.