Zuhal Demirci
26 Јануари 2021•Ажурирај: 27 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Дирекцијата за дијаспора и сродни заедници на Република Турција (YTB) и Агенција Анадолија (АА) ќе организираат низа обуки на Академијата за медиуми за оние што ги завршиле студиите во Турција и кои се интересираат за медиумите, комуникациите, новинарството и социјалните мрежи.
ЈТБ соопшти дека во соработка со АА ќе се организираат низа обуки, а првата е од областа на медиумите од новата генерација. Обуката ќе се одржи онлајн од 15 до 19 март, а ќе бидат доделени и сертификати.
Пријавувањето за првата обука може да се направи до 17 февруари преку страницата https://basvuru.ytb.gov.tr/.
Потоа, експертите ќе одржат предавања за обука за известување од полето на дипломатијата, економијата и финансиите, енергетиката, одбраната, хуманитарните активности, статистичкото известување и слично.
Програмите ќе се одржат на турски јазик.