Seda Sevencan
26 Јануари 2021•Ажурирај: 27 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека и покрај фактот што повеќето развиени земји се соочуваат со недостиг, Турција брзо ги добива вакцините против Ковид-19 и напредува со вакцинацијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Турција, со многу минимални потешкотии, успеа зад себе да остави еден период во кој дури и најпросперитетните земји се соочија со потресен амбиент“, истакна Ердоган во главниот град Анкара.
Говорејќи на церемонијата на која на младите и на лицата со инвалидитет им беа доделени работни места во јавиот сектор, Ердоган рече дека Турција ја исполнила до 82 отсто својата квота за вработувања на лица со попреченост во јавниот сектор.
„Од само 5.777 во 2002 година - кога владејачката Партија за правда и развој (АК Парти) дојде на власт - го зголемивме бројот на државни службеници со инвалидитет на 58.319“, додаде Ердоган.
Во понеделникот, 6,5 милиони дози на кинеската вакцина на Синовак пристигна во Турција, во втората пратка од вкупно 10 милиони дози.
Масовната вакцинација во Турција започна на 14 јануари откако пристигна првата пратка на вакцини на 30 декември.
За да се зајакне довербата на јавноста во вакцината, турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, и претседателот Реџеп Таип Ердоган беа меѓу првите што беа вакцинирани.
Инаку, властите минатата година воведоа полициски час во текот на ноќта и за викендите со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.