Ekipa
26 Јануари 2021•Ажурирај: 29 Јануари 2021
БАЈБУРТ (АА) - Температурата на воздухот падна под нулата во источна Турција, а водопадот Сиракајалар, познат по своите мразулци, ги воодушевува и привлекува посетителите и покрај студеното време, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сместен на Патот на свилата помеѓу Црното Море и источната анадолиска област Бајбурт, водопадот, кој е меѓу важните места во однос на туристичките атракции, се наоѓа на 16 километри од центарот на градот.
Водопадот Сиракајалар замрзна со ефект на снегулки што паѓаат поради студеното време во регионот на источна Анадолија во последните денови.
Мразулците што се формираат на водопадот со должина од над 10 метри ги воодушевуваат посетителите со својот живописен изглед.
Водопадот е фасцинантен и во летните месеци од годината поради прекрасното зеленило кое го опкружува.
Сиракајалар им нуди на своите посетители посебни убавини во секоја сезона, за што Ахмет Кирмизиоглу, еден од посетителите, рече: „Многу убаво во зима. Водопадот целосно замрзнува. Доаѓаме со пријателите да ги видиме овие убавини. Да фотографираме. Понекогаш, носиме наши гости тука, тие се воодушевени. Нè радува да ја гледаме оваа убавина и покрај студеното време.“
Турската област Бајбурт минатата недела забележа пад на температурата на скоро минус 20 степени.