Fatih Hafız Mehmet
13 Мај 2017•Ажурирај: 14 Мај 2017
МУГЛА (АА) - Дваесет и три лица загинаа, а 11 други се повредени кога минибус излета од патот во областа Мугла, западна Турција, јавува nadolu Agency (AA).
Заменикот гувернер на турската област Мугла, Камил Котен, за АА соопшти дека бројот на загинати во сообраќајната несреќа се искачил на 23 лица, откако се извадени и три тела заглавени под возилото. Тој додаде дека бројот на загинати изнесува 11 лица.
Претходно, гувернерот на Мугла, Амир Чичек, за АА истакна дека сите патници во минибусот биле турски туристи.
Несреќата се случила на превојот Сакаргедичи на патниот правец Мугла-Анталија, истакна Чичек.
Спасувачките екипи беа веднаш испратени на местото на несреќата, а повредените се итно префрлени во околните болници.