Ramazan Kaya
20 Јуни 2016•Ажурирај: 20 Јуни 2016
ЕЛАЗИГ (АА) - Деветмина загинати и едно рането лице е исходот од несреќата која се случи на железнички премин во Елазиг, град во истоимената источна турска покраина Елазиг, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, несреќата се случила на железнички премин во подрачјето Јуртбаши, откако воз кој сообраќал на релација Татван-Анкара, се судрил со минибус.
Според првичните информации, деветмина загинати и едно рането лице е билансот на настраданите патници од минибусот, кој бил влечен 400-тина метри од возот при несреќата.
Ранетите се однесени во најблиските болници во Елазиг.
На местото на несреќата, на увид пристигна и градоначалникот на Елазиг, Мурат Зорлуоглу.