Serdar Açıl
20 Јуни 2016•Ажурирај: 21 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Турската артилерија и коалициските воздушни сили започнаа нови напади врз позициите на терористичката организација ДАЕШ во северниот дел на Сирија, каде што уништија вкупно 33 терористички цели, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван воен извор јавува дека радарските системи и извидниците од турската граница вчера открија 33 позиции на ДАЕШ во северниот дел на Сирија, од кои терористите ги подготвувале ракетните напади врз Турција.
Турската артилерија потоа со хаубици и други проектили ги гаѓаше и целосно ги уништи тие позиции.
Според првичните информации во нападите се неутрализирани најмалку 23 терористи. Уништени се три објекти, еден одбранбен бункер и една ракентна рампа.
Коалициските воздухопловни сили кои во борбата против ДАЕШ ги предводат САД, исто така, изведоа две воздушни акции насочени кон позиции на ДАЕШ во северното погранично подрачје на Сирија.
Турската артилерија веќе неколку недели од границата ја надгледува активноста на терористите во северниот пограничен појас на Сирија и во согласност со ангажманот на пограничните сили ги гаѓа позициите од кои претходно, во повеќе наврати, изведени се ракетни напади на јужниот турски град Килис. Проектилите на ДАЕШ од Сирија во Килис убија најмалку две а ранија 70 лица.
Артилериските удари на турската војска и нападите на коалициските воздушни сили ги искористија сириките опозициски сили кои ги зацврстија позициите во регионот Јени Јабан и покренаа нови напади врз позициите на ДАЕШ.