Tutku Şenen
19 Јуни 2016•Ажурирај: 19 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Турската артилерија и коалициските воздушни сили извршија нови напади на позициите на терористичката организација ДАЕШ во северна Сирија и во таа пригода уништија вкупно шест терористички мети, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван воен извор јавува дека радарските системи и извидници од турската граница вчера откриле шест позииции на ДАЕШ во северна Сирија од кои терористите подготвувале ракетни напади на Турција.
Турската артирелија притоа со хаубици „Олуја“ ги гаѓала и во потполност ги уништила тие позиции.
Според првичните информации, во тие напади неутрализирани се најмалку осум терористи.
Коалициските воздушни сили кои во борбата против ДАЕШ се предводени од САД, исто така, извршиле две воздушни акции и гаѓале позиции на ДАЕШ во северниот пограничен појас на Сирија.
Турската артилерија веќе неколку недели од границата ги мониторира активностите на терористите во северниот пограничен појас на Сирија и во склад со ангажманот на пограничните сили гаѓа позиции од кои претходно во повеќе наврати се изведени ракетни напади на јужниот турски град Килис.