Mohamed Sabry Emam Muhammed
16 Август 2016•Ажурирај: 17 Август 2016
КАИРО (АА) - Најмалку 22 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во северен Египет во понеделникот вечер, јавува Anadolu Agency (AA).
Два патнички автобуси се судрија во Меит Гамр во покраината Дакахлија, соопшти портпаролот на Министерството за здравство, Калед Муџахид.
„Дваесет и две лица загинаа а 11 се повредени во текот на несреќата”, додаде тој.
Според бројките издадени од страна на државната Централна агенција за статистика, Египет има највисока стапка на смртност на патиштата на Блискиот Исток.
Според Агенцијата, во 2011 година во сообраќајни несреќи во Египет загинале околу 7.115 лица (19,5 лица на ден).