Emel Öz Gözellik
16 Август 2016•Ажурирај: 16 Август 2016
СЕУЛ (AA) - При експлозија во една поморска база во регионот Јинхае, животот го изгуби еден војник, а други три лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за одбрана сопштија дека се случила експлозија во поморската база во југоисточниот дел на земјата, додека се работело на поправки. Како последица на оваа експлозија, животот го изгуби еден војник, а 3 други се повредени.
Еден од овластените на Министерството изјави дека се истражува причината за инцидентот, и дека можностите за напад се минимални.