Hatice Kesgin
27 Февруари 2016•Ажурирај: 28 Февруари 2016
МОГАДИШУ (AA) - Најмалку 14 лица загинаа во нападите на хотел и јавен парк синоќа во сомалиската престолнина Могадишу, соопштија здравствените работници, јавува Anadolu Agency (AA).
Во нападите на хотелот "Youth League" и "Peace Garden" кои се наоѓаат во близина ранети се 25 лица. Двата напади се поврзуваат со припадниците на екстремната група Ал- Шабаб, огранокот на Ал-Каеда.
Автомобилот во кој се наоѓаше експлозив запре на влезот во хотелот, а потоа дојде до размена на огнот со обезбедувањето на хотелот. Радио "Shabelle Media Network" наведува дека се убиени повеќе од 20 војници и цивили.
По 30 минути од вооружениот напад на хотелот активиран е експлозив кој се наоѓаше во автомобилот во "Peace Gardenu". Повредените лица се превезени до болницата Медина Хоспитал во Могадишу каде што лекарот Мухамед Шеикх рече дека автомобил бомбата зеде најмногу жртви.
Хотелот се наоѓа во плизината на претседателкста палата во Могадишу и познат е по посетите на владини функционери, новинари и бизнисмени.
Инаку, припадниците на групата ал- Шабаб, огранокот на Ал-Каеда, често изведуваат напади во Могадишу во петок, кога во Сомалија многу граѓани излегуваат во ресторани и хотели .
Минатиот месец изведоа напад на кениските сили во Сомалија каде се убиени повеќе од 60 војници.