Murat Keleş
16 Декември 2016•Ажурирај: 17 Декември 2016
ЦИРИХ (АА) – Одбиена е жалбата на членот на управниот одбор на ФИФА и поранешен претседател на Германската фудбалска федерација, Волфганг Ниерсбах, за укинување на неговата едногодишна суспензија од фудбалот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сопштението на етичкиот комитет на ФИФА, Ниерсбах е прогласен за виновен и не била прифатена жалбата за укинување на неговата едногодишна суспензија од фудбалот.
На независната комисија за истражување на советот за етика на ФИФА, Волфганг Ниерсбах беше суспендиран од сите активности во фудбалот во времетраење од една година, под образложение дека не ги пријавил навремено наодите за злоуотреба на службената должност во периодот кога Германија го добила правото да го организира Светскиот фудбалски куп.