Dejan Maksimoviç
30 Декември 2015•Ажурирај: 31 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Американската телевизиска куќа ESPN ги повика сите пет кандидати за нов претседател на Светската фудбалска федерација (FIFA) да учествуваат во ТВ дебата, јавува Anadolu Agency (AA).
Изборите за првиот човек на светскиот фудбал и наследникот на компромитираниот Џозеф Сеп Блатер ќе се одржат на 26 февруари следната година во Цирих. Кандидати се принцот Али Бин ал-Хусеин, шеикот Селман Бин Ербахим ал-Калифа, Токио Сексвел, Џани Инфантино и Жером Шампањ.
Според наводите на ESPN, ТВ дебатата ќе се емитува од студиото во Лондон.
На почетокот на овој месец Мишел Платини, претседателот на Европската фудбалска федерација (UEFA), кој се кандидираше и за претседател на ФИФА, е суспендиран на осум години по истрагата на Етичкиот комитет на ФИФА. Поради тоа отпадна од претседателската трка иако важеше за еден од најсериозните кандидати.
Заедно со Платини, супендиран на осум години е и Блатер. Тие двајца се протагоности на т.н нелегална уплата на два милиони швајцарски франци од 2011 година на сметката на Платини, по одобрение на Блатер. Во своја одбрана рекоа дека станувало збор за џентламенски договор, и дека парите Платини ги заработил во периодот од 1999-та до 2002 година кога бил советник на Блатер.