ПРИШТИНА (AA) - Со 71 глас "за" и 10 неважечки гласови, вечерва на седницата на Собранието на Косово, Хашим Тачи, лидерот на Демократската партија на Косово е новиот претседател на Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Веднаш по официјалното соопштување на резултатите од стана на Изборната комисија во Собранието, кратко обраќање имаше новоизбраниот косовски претседател Хашим Тачи кој им се заблагодари на пратениците за укажаната доверба.
Тачи беше избран во третиот круг, откако во претходните два не успеа да обезбеди двотретинско мнозинство на гласови. Од присутни 81- пратеници, Хашим Тачи, лидерот на Демокртаската партија на Косово во вториот круг доби 64 гласа, додека за Рафет Рама, исто така од ДПК, гласаа 2 пратеници,а неважечки беа 15 гласачки ливчиња. Во првиот круг на гласање од 81 пратеник, Тачи доби 50 гласови, Рама 4 а 27 беа неважечки ливчиња.
Опозицијата не беше присутна во салата во текот на гласањето, бидејќи поради фрлање на солзавец се исклучени 11 пратеници. По првиот круг на гласање изборната комисија ја напушти пратеникот Илир Деда од Самоопределување, кој ја претставуваше обединетата опозиција.
Во текот на првиот круг на гласање пред Собранието дојде до ескалција на судирите. Приврзаниците на опозицијата почнаа да гаѓаат во правец на полицијата и во правец на зградата на собранието и со молотови коктели.
Полицијата ги растера демонстрантите со солзавец и со водени топови од центарот на Приштина па се до населението Врањевац. Неколку демонстранти се уапсени. Полицијата, исто така, го блокираше приодот до шаторите, кои опозицијата ги постави во вторник на платото испред собранието. Полицијата веднаш потоа започна со претресување на шаторите и нивно остранување.
На претседателката на Косово, Атифете Јахјага, мандатот ѝ истекува на 7-ми април и според законот новиот претседател мора да биде избран 30 дена пред истекувањето на нејзиниот мандат.
news_share_descriptionsubscription_contact
