Doga Kirmizioglu
14 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Голгетерот на премиерлигашката екипа „Манчестер јунајтед“, Златан Ибрахимовиќ рече дека се кае затоа што порано не играл помудро, јавува Anadolu Agency (AA).
Шведскиот напаѓач зборуваше за британските медиуми и рече дека е задоволен од сегашната форма во „Манчестер јунајтед“: „Сега веќе помудро играм. Со изминувањето на годините, човек се менува. Имате други физички карактеристики, кондиција, острина и искуство“.
Триесет и петгодишниот фудбалер рече дека за нешто се кае: „Kога денешната фудбалска вештина би ја имал пред 10 години, ќе можев да бидам многу поголем идол“.
Ибрахимовиќ рече дека искуството е многу важен фактор во успехот и додаде: „Се обидувам со моето искуство да го насочам клубот. Головите доаѓат како подарок на овие успеси“.
Ибрахимовиќ во својата кариера играл за големи екипи како што се „Ајакс“, „Јувентус“, „Интер“, „Барселона“, „Милан“ и „ПСЖ“. Оваа сезона, во 23 одиграни натпревари за Манчестер даде 13 гола.