Adis Karaca
12 Декември 2016•Ажурирај: 13 Декември 2016
НИОН (АА) - Во седиштето на УЕФА во Нион денеска беше влечена ждрепка за паровите во осминафиналето во Лигата на шампионите во фудбал, јавува Anadolu Agency (AA).
Во ждрепката учествуваа вкупно 16 екипи, кои за пласманот во нокаут фазата на елитното европско фудбалско натпреварување се изборија како победници и второпласирани во нивните групи.
Меѓу најинтересните парови се издвојуваат дуелите меѓу Баерн и Арсенал и ПСЖ и Барселона. Бранителот на титулата Реал Мадрид ќе мора да го совлада Наполи за да ја одбрани својата титула.
Првиот натпревар ќе се одигра на 14./15. февруари и 21./22. февруари. Реванш натпреварите се закажани за 7/8. и 14/15. март.
Финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра на Националниот стадион во Кардиф на 3 јуни следната година.
Паровите за осминафиналето во Лигата на шампиони:
Манчестер Сити - Монако
Реал Мадрид - Наполи
Бенфика - Борусија Дортмунд
Баерн - Арсенал
Порто - Јувентус
Баер Леверкузен - Атлетико Мадрид
ПСЖ - Барселона
Севиља - Лестер