Emrah Oktay
02 Март 2016•Ажурирај: 04 Март 2016
ИСТАНБУЛ (AA) -Европската фудбалска организација (UEFA) поради кршење на финансиските "фер-плеј" критериуми изрече едногодишна забрана за учество во европските натпреварувања на турскиот Галатасарај, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик претседателот на Галатасарај Алаџаир за АА потврди дека УЕФА поради непочитување на финансиските критериуми на работење изрече едногодишна суспензија на овој истанбулски клуб и актуелниот првак на Турција
„На година сме суспендирани од натпреварувањата на УЕФА. Покрај тоа,имаме и услов да во идните две години бидеме внимателни во работењето, пред се кога се работи за трансферите на играчите и да трошиме помалку пари. Сметам дека тоа и не е толку лошо бидејќи успеавме да ја намалиме казната на само една година", рече Алаџаир.
Тој исто така рече дека изречената казна ќе биде укината доколку Галатасарај две години по ред не се пласира на европските натпреварувања.
„Сите клубови внимателно мора да ја водат финансиската политика. УЕФА не дозволува клубовите да работат со загуби и да трошат непостоечки пари. Со низа мерки се обидуваат да го консолидираат работењето на сите клубови", заклучи Алаџаир.