Ekipa
03 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
ПРИШТИНА (АА) - Фудбалскиот сојуз на Косово денес со тајно гласање е примен во Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). На 40-Конгрес на УЕФА во Будимшешта за приемот на Косово гласаа 28 членки, 24 беа против и две беа воздржани. За прием на нова членка беше потребно просто мнозинство или 28 гласови од вкупно 54 членки на УЕФА. Иако денес не е изгасана измената на статуот на УЕФА, сепак Фудбалскиот сојуз на Косово стана 55-та национална асоцијација на УЕФА, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Косово, Хашим Тачи на граѓаните на Косово им честиташе прием во Фудбалскиот сојуз на Косово во УЕФА. Тој на својот Facebook профил напиша дека никогаш повеќе нема да биде надвор од зелените терени.
“Косово во УЕФА! Најдобра можна вест за безбројни навивачи на нашата Република. Од сега, па натаму, ќе играме на меѓународни натпревари-некои натпревари ќе победиме, некои ќе загувиме, но никогаш повеќе нема да не запрат на зелените полиња. Честитке на Фадил Вокри и Сојузот, честитки на играчите на нашата репрезентација, честитки до сите граѓани", порача претседателот Тачи.
- Честитки за членството на Косово во УЕФА
По повод веста дека Фудбалскиот сојуз на Косово е примен во членството на Европската фудбалска организација (УЕФА) на своите официјални страници се огласија неколку косовски функционери.
На Тwitter се огласи и министерот за европски интеграции на Косово Беким Чолаку, нарекувајќи го денешниот ден "остварување на големиот сон".
"Косово е избрано за нова членка на УЕФА. Големиот сон се оствари!. Неверојатно е да и се приклучиш на Европа во овој голем спорт", напиша Чолаку.
"Здраво УЕФА! Од Косово со љубов!", напиша Влора Цитаку, амбасадорката на Косово во САД. На честитките на Твитер им се приклучи и амерканскиот амбасасор во таа земја, Грег Делави.
"Косово е во УЕФА. Братска честитка, еден голем лајк за сите оние кои работеа и го постигнаа овој значителен успех", напиша на својата официјална Facebook страница Еди Рама, премиерот на Албанија.