Kemal Zorlak
17 Март 2016•Ажурирај: 17 Март 2016
САРАЕВО (АА) - Англискиот фудбалски клуб „Челси” му понуди двегодишен договор на Златан Ибрахимовиќ, вреден 25 милиони евра, објави францускиот портал "Footmercato", пренесува Anadolu Agency (AA).
Ибрахимовиќ (34), шведскиот репрезентативец со потекло од БиХ кому ова лето му истекува договорот со францускиот првак „Париз Сен Жермен” (PSG), на мета е на бројни клубови.
Еден од нив е и „Челси”, кој не се прослави многу оваа сезона. „Сините лавови” идната сезона сакаат да се вратат на врвот на табелата, а тоа сакаат да го сторат со помош на Ибрахимовиќ, на кого му е понуден двегодишен договор и тоа 12,5 милиони евра по сезона.
Ибрахимовиќ претходно изјави дека сака да продолжи со својата кариера во Европа, иако доби и бројни понуди од Кина и САД.
Да потсетиме, исто така, дека меѓу заинтересираните за популарниот Ибрахимовиќ се и „Манчестер Јунајтед” и АЦ „Милан”.