Dejan Maksimoviç
01 Јуни 2016•Ажурирај: 02 Јуни 2016
САРАЕВО (AA) – Златан Ибрахимовиќ (34), фудалскиот репреентативец на Шведска и сега вече поранешен напаѓач на Париз Сен Жермен (ПСЖ), благодарејќи им на медиумските натписи за тоа каде ќе ја продожи кариерата добро се забавува во текот на подготовките на својот национален тим за Еуро 2016, јавува Anadolu Agency (AA).
Најновата вест според кога својата кариера ќе ја продолжи во шведскиот клуб ФФ Малме, каде играше на почетокот на својот фудбалски пат, ги прокоментира со зборовите дека премногу е добар за шведската лига.
„Сакам и понатаму да пишуваат разни приказни, бидејќи се возбудувам кога ги гледам. Кога ќе бидам изморен од тоа ќе кажам каде ќе ја продолжам кариерата", вели Златан Ибрахимовиќ.
Додаде дека моментално своите мисли ги насочи кон својата репрезентација, а не кон шведската лига.
„Се уште не сум заинтересиран за враќање во Малме, премногу сум добар за шведската лига", јасен е Ибрахимовиќ.