Mutlu Demirtaştan
31 Мај 2016•Ажурирај: 01 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Голманот на Реал Мадрид, костариканецот Кејлор Навас, поради повреда ќе го пропушти Копа Америка 2016 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Специјалната Копа Америка од 3-ти до 26-ти јуни ќе се одигра во САД, а поводот е одбележувањето на 100-годишнината од тоа натпреварување.
Според изјавата на Фудбалска федерација на Костарика, Навас (29) претрпе повреда на Ахиловата тетива поради што нема да учествува на натпреварот.
Наместо Навас, мрежата на Костарика ќе ја чува Дани Карвахал од Депортиво.
Костарика се наоѓа во групата А, во која силите ќе ги одмери со САД, Колумбија и Парагвај.