Izzet Taskiran
01 Јуни 2016•Ажурирај: 02 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (АА) -Тurkish Airlines (THY), која е официјален спонзор на Европското првенство во фудбал EURO 2016, на своите патници на меѓунароните летови ќе патуваат со авионите Boeing 777 и Airbus A330 ќе им овозможи да ги следат фудбалските натпреварите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата на канцеларијата за печат на THY се вели дека натпреварите од првенството ќе можат да се следат во сите специјални салони во наведените авиони на THY. На некои летови ќе бидат спроведени изненадувачки извлекувања, во кои, патниците на THY ќе имаат можност да добијат билет за некој од натпреварите на Европското првенство во фудбал EURO 2016.
Покрај реклами на телевизија за време на првенството, специјално подготвениот авион на THY за членовите на фудбалката репрезентација на Турција, подарок билети за фудбалските натпревари на EURO 2016 и специјално изработените карти за мениа во авионите, љубителите на фудбалот ќе може да го посетат микро-сајтот „MeetEuropesBest.com", кој е подготвен само за оваа намена.
Покрај тоа, во четирите градови во Франција во кои ќе се одржуваат натпреварите, THY подготвува простор на кои ќе бидат претставени посебни активности. На тие простори ќе бидат пречекани сите љубители на фудбалот. Тurkish Airlines на аеродромот Ататурк во Истанбул, во салата „Turkish Airlines Lounge" ќе биде поставена конзолна компјутерска игра EУРО 2016 која ќе биде ажурирана според случувањата на фудбалското првенство, и следење во живо на натпреварите.
Заменик генерален директор за маркетинг и продажба на THY, Ахмет Олмуштур, истакна дека имаат за цел патничкото искуство да го издигнат на многу повисоко ниво и додаде: „До колку сакаат на висина од илјадници метри, или на аеродромите, сите љубители на фудбалот ќе имаат можност да доживеат едно ново искуство. Вложивме големи напори во уредувањето и создавање на едно несекојдневно возбудувачко првенство за време на летовите. Со нетрпение ги очекуваме повратните информации кои ќе пристигнат од нашите патници. Во рамките на нашето спонзорство на EУРО 2016, се надеваме на значителен придонес на просторите за анимација, каде на гостите ќе им овозможиме едно пријатно искуство.“
Покрај тоа, Тurkish Airlines и „Copa90", која претставува место на средби на љубителите на фудбалот, потпишаа договор за заенички проект на EУРО 2016. Според проектот во текот на 10 дена, од десет различни земји ќе бидат избрани 10 фудболски фанатици кои ќе ги публикуваат своите согледувања од натпреварите на првенството, потоа презентација на снимени видеа и блог-написи, претставени на микро-сајтот „MeetEuropesBest.com", подготвен од страна на THY, авиокомпанија која лета во најголем број на земји во светот.