Ali Cura
28 Април 2022•Ажурирај: 29 Април 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, изјави дека собориле борбен авион „Су-24“ на Украинската армија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој изјави дека руската авијација погодила четири украински воени елементи, вклучително и две локации каде што биле собрани воени единици и технички возила.
„Руските системи за противвоздушна одбрана соборија борбен авион „Су-24“ на украинските сили над населбата Николаевка во областа Луганск. Уништени се пет беспилотни летала во Веселогоровка, Затишноје, Новомихајловка, Љубимовка и Харков“, истакна Конашенков.
Тој рече дека Украинската армија извршила ноќен напад со балистички ракети „Точка-У“ и повеќецевни ракетни фрлачи на станбени населби во центарот на градот Херсон, каде што се наоѓаат градинки, училишта и институции.