Mutlu Demirtaştan
21 Мај 2017•Ажурирај: 22 Мај 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Францускиот играч од среден ред на Челси, Н'Голо Канте, оваа сезона по трет пат ја освои титулата за најдобар играч на годината во англиската Премеир Лига, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението објавено на интернет страницата на Премиер лигата, во гласањето на кое учествувале експерти и навивачи, Канте е прогласен за најдобар играч на годината, а ги остави зад себе неговите соиграчи Еден Хазар и Сезар Азпиликуета; Хари Кејн, Деле Али и Јан Вертонген од Тотенхем; како и Алексис Санчез од Арсенал.
Канте и предходно беше прогласен за играч на годината во Премиер лигата од страна на Здружението на професионални фудбалери како и од страна на Асоцијацијата на фудбалски новинари, со тоа по третпат во иста сезона ја освои истата титула.
Канте во Челси се приклучи од Лестер Сити, со кого освои титула во Премиер лигата. Тој исто така освои титула и со неговиот нов клуб, Челси, каде одигра 39 натпревари, а постигна 2 погодоци.