Doga Kirmizioglu
31 Декември 2017•Ажурирај: 01 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Sвездата на премиерлигашот Манчестер Јунајтед, Швеѓанецот Златан Ибрахимович, месец дена нема да има натпревари поради повреда, јавува Anadolu Agency (AA).
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, по мечот со Саутхемптон, кој заврши со нерешен резултат, ги информираше медиумите околу здравствената состојба на Ибрахимович и Ромелу Лукаку.
Мурињо нагласи дека Ибрахимович, кој по долгото паузирање се врати на терен во ноември, повторно е повреден, и како што рече, поради тоа не бил вклучен во составот на екипата на натпреварот со Саутхемптон.
„Повторно има проблем со колената каде што претходно беше повреден. Нема да игра уште еден месец“, пренесе Мурињо.
Тој рече дека и Лукаку се повредил на мечот со Саутхемптон и бил принуден да го напушти теренот, и додаде дека поради оваа повреда очекува најмалку два натпревара да не биде вклучен во составот на екипата.