Dejan Maksimoviç
28 Декември 2017•Ажурирај: 29 Декември 2017
КАРДИФ (АА) - Фудбалскииот клуб Свонси Сити, единствениот претставник на Велс во Премиер лигата на Англија, денеска објави дека Карлос Карвалал е назначен за нов менаџер, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иако британските медиуми го фаворизираа Роналд Коман и Славен Билиќ, раководството на „лебедите“ го избра Карвалал кој во средата доби отказ во ФК Шефилд Венздеј. Со новиот менаџер Свонси потпиша договор до крајот на сезоната, со можност за продолжување.
Португалскиот тренер ќе стане петти менаџер на Свонси во последните две години.
На клупата ќе го наследи Пол Клемент, кому поради серијата лоши резултати на 20 декември му беше врачен отказ.
Велшкиот клуб по 20 кола во Премиер лигата се наоѓа на дното на табелата со 13 поени, пет помалку од Вест Хем, кој е на 17. место надвор од зоната на испаѓање.