Dejan Maksimoviç
18 Декември 2018•Ажурирај: 19 Декември 2018
ЛОНДОН (АА) - Жозе Мурињо денес доби отказ од Манчестер Јунајтед, а улогата на привремен тренер ќе ја преземе неговиот досегашен помошник Мајкл Керик, човекот кој на крајот од минатата сезона ја заврши својата кариера како фудбалер, пренесува Anadolu Agency (AA).
Веста не успеа ниту да се рашири низ целиот свет, а британските медиуми веќе составија листа на најсериозни кандидати за наследникот на Мурињо, на која фаворит број еден е токму Керик, кој во Јунајтед одигра 446 натпреварувачки меча и постигна 24 гола.
Главната конкуренција на 37-годишниот Керик, кој е без тренерско искуство, се Французинот Зинедин Зидан, Италијанецот Антонио Конте и Ники Бат, кој моментално е шеф на Фудбалската академија на Јунајтед.
Кај букмејкерите по Керик најдобро котира Зидан, кој по девет освоени пехари со Реал Мадрид, меѓу кои и три последователни титули во Лигата на шампионите, самоволно одлучи да замине. Конте, пак, од друга страна, има искуство во Премиер лигата каде што ја освои титулата „шампион во 2017 година“ со Челзи.