Admir Fazlagic
07 Август 2017•Ажурирај: 08 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) - По пристигнувањето во Скопје во пресрет на утрешниот натпревар од Суперкупот на УЕФА, тимот на англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед го одржаа единствениот тренинг на арената „Филип Втори“ каде утревечер против Реал ќе го играат дуелот од УЕФА Супер купот, јавува Anadolu Agency (AA).
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид пристигнаа денес во Скопје, каде што на аеродромот Александар Велики во Скопје, како и пред хотелите во коишто се сместени беа причекани од нивните бројни фанови.
Во попладневите часови избраниците на тренерот на Манчестер Јунајтед одржаа тренинг, кој според најавите ќе биде и единствениот тренинг во Скопје на овој фудбалски клуб во пресрет на натпреварот со Реал Мадрид.
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, на прес-конференција изјави дека првпат е во Македонија и истакна дека се надева оти Скопје ќе му донесе среќа да го освои првиот Суперкуп на Европа во неговата кариера.

„Ние ќе се обидеме да победиме, но јасно е дека има разлика меѓу победниците во Лигата на шампионите и Лига Европа“, изјави Мурињо.
Манчестер Јунајтед на трофејот од Супер купот на Европа чека 26 години, откако во 1991 година ја победи белградска Црвена Звезда.