Dejan Maksimoviç
15 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
МАНЧЕСТЕР (AA) – Хуан Мата, фудбалерот на Манчестер Јунајтед ќе го пропушти остатокот на сезоната, иако постоеше надеж дека ќе успеее доволно бргу да се опорави по операцијата на препоните, јавува Anadolu Agency (AA).
Мата е опериран кон крајот на март и прогнозерите претпоставуваат дека тој би можел повторно да заигра сезонава, но Жосе Мурињо, менаџерот ја Јунајтед, потврди дека шпанскиот фудбалер нема да се опорави до крајот на мај.
Освен тоа, еден од проблемите со играчкиот кадар на Манчестер Јунајтед е тоа што одбранбените фудбалери Фил Џонс и Крис Смалинг нема да се вратат до средината на мај.
Сезоната во Премиер лигата на Англија завршува на 21 мај. Доколку Манчестер се пласира во финалето од Лига Европа, сезоната ќе му се продолжи до 24. мај.
Мата оваа сезона одигра 38 натпревари за Манчестер Јунајтед и постигна 10 погодоци.