Bedrudin Brlyavac
25 Мај 2017•Ажурирај: 25 Мај 2017
СТОКХОЛМ (AA) - Манчестер Јунајтед со победа против Ајакс во финалето ја освои титулата првак во Европската лига, јавува Anadolu Agency (AA).
Јунајтед вечерва на стадионот "Френдс Арена" во Стокхолм, во финалето на Европската лига, ја совлада екипата на Ајакс со 2:0 и така дојде до титулата првак во Европска лига.
Манчестер поведе со голот на Паул Поглба во 18. минута на асистенција на Маруан Фелаини.
Во првото полувреме имаше уште неколку шанси, но првото полувреме заврши со 1:0 за Манчестер.
Фудбалерите на Манчестер ја зголемија предноста во 48. минута со голот на Хенрике Мектрајан, со асистенција на Крис Смалинг.
До крајот на мечот имаше уште неколку шанси за двата тима, но резултатот сепак остана непроменет.
Манчестер Јунајтед така дојде до единствената титула која му недостасуваше во клубската историја.