Fatih Erel
24 Јануари 2019•Ажурирај: 26 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид го замени Манчестер Јунајтед како најбогат фудбалски клуб во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според денес објавените податоци на „Deloitte Football Money League“ за рангирањето на фудбалски клубови во однос на приходите за сезоната 2017/18, Манчестер Јунајтед се спушти на третото место, под Реал Мадрид и Барселона.
Меѓу првите 10 се наоѓаат шест англиски и два шпански клуба. Германија и Франција се вклучени на листата со по еден клуб.
На листата доминираат англиските тимови, додека шпанските тимови Реал Мадрид и Барселона се на врвот на листата.
„Со остварен приход од 750,9 милиони евра, Реал Мадрид се враќа на првото место на листата, за првпат од 2014/15 година, постигнувајќи го второто највисоко водство пред второрангираниот (ФК Барселона) во историјата на оваа листа (60,5 милиони евра)“, се вели во анализата на „Делоит“.
Севкупно, 20-те фудбалски клубови со најголема заработка во светот генерирале рекордни 8,3 милијарди евра од комбинираните приходи во 2017/18, што претставува пораст од 6 отсто во однос на претходната година.
Топ 10-те клуба кои најмногу заработиле се:
2017/18 Приход (милиони евра)
Реал Мадрид 750
Барселона 690,4
Манчестер Јунајтед 666,0
Баерн Минхен 629,2
Манчестер Сити 568,4
Париз Сен Жермен 541,7
Ливерпул 513,7
Челзи 505,7
Арсенал 439,2
Тотенхем 428,3