Bedrudin Brlyavac
09 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
МАДРИД (AA) - Зинедин Зидан, тренер на фудбалерите на Реал Мадрид изјави дека неговиот тим може да ја спаси сезоната доколку го надополни заостанувањето од два гола во реванш мечот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Волфсбург.
Реал Мадрид денес ќе игра против Еибар во шпанското првенство, а Зидан истакна дена не очекува критики од навивачите.
"Не мислам дека навивачите лошо ќе не причекаат. Знаеме дека во вторник ќе играме за сезона и за нашите навивачи. Сакам предизвици, а ги сакаат и нашите навивачи", рече Зидан за шланските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Истакна дека како тренер, во секој натпревар игра за својата иднина.
"Знам колкав е притисокот во овој клуб. Но не размислувам за тоа, охрабрен сум со секојдневната работа која ја извршувам. Секогаш сум позитивен. Ако загубиме во вторник, тоа е дел од фудбалот. Одговорен сум за овој тим и ќе видиме како тоа ќе биде на крајот од сезоната", истакна Зидан.
Реал Мардид во среда на гости загуби од Волфсбург со 0:2 во првиот натпревар од четврт финалето од Лигата на шампионите, а реванш мечот ќе се игра во вторник во Мадрид.