Dzihat Aliju
09 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - ЏИХАД АЛИУ - Поранешниот кошаркар Петар Наумоски, кој во својата кариеера играше кошарка во Турција, и овозможи голем број млади луѓе да ја засакаат кошарката, во интервју за Anadolu Agency (AA), вели дека има за цел да го продолжи неговиот успех како претседател на Кошаркарската федерација на Македонија.
Помеѓу другото, тој објаснува како дојде до позицијата претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, при што рече дека со искуството кое го има стекнато, познанствата со луѓето, земјите и менталитетот кои ги има видено во својата кариера како играч, сака да ги стави во функција на подобрување на квалитетот на кошарката во Македонија.
Наумоски кажувајќи дека неговата професионалност и достапност до секого помогнала во освојувањето на срцата кај турската публика и турскиот народ, рече дека за тоа придонесува блискоста на металитетите на двата народа.
"Можеби тука придонесува и блискоста на менталитети кое што го имаме помеѓу Македонија и Турција. И на тој начин мора да се додаде дека и успехот остварен во тој период допринесува на некој начин формулата за успех и љубов", вели Наумовски.
Објаснувајќи дека турската кошаркарска репрезентација и воопшто турската лига сега е многу поквалитетна во однос на периодот кога тој играл таму, Наумоски смета дека тоа се должи пред се на пазарот затоа што Турција е огромен пазар и затоа што Турција направи финансиски и организациски успех.
Според него успехот кој што го постигна кошаркарската репрезентација на Македонија на Европското Првенство во Литванија 2011 година, беше нешто што никој не го очекуваше и не беше нешто што е зацртано како проект. Наумовски вели дека постигнатите нивоа се највредни кога можеш да се задржиш таму и да постигнеш повеќе.
Што се однесува до успехот на Фенербахче Улкер во Европа и турксата лига Наумоски рече:
"Нормално дека Фенербахче може да ја освои лигата. Фенербахче доаѓа од минатата година како тим од "финал 4". И сега многубројната публика во Турција очекува од нив да го постигнат успехот. Затоа што во последниве натпревари покажуват дека се непобедливи, нижат само победи и на домашно и на европско ниво".
Наумоски кажувајќи дека ја имал таа чест да добие турско државјанство рече дека со голема радост тоа го прифатил.
"Јас со голема радост тоа го прифатив. Меѓутоа законите во Турција налагаа името да се промени. Барем во првите 3 месеца.Името го добив од раководителите на клубот, каде што иницијалите гледаа да бидат исти, П. Н. Полат Намик", раскажува Наумовски.
Во разговорот, Наумовски вели дека не добил понуда од турската репрезентација бидејќи тој не можел да настапува за друга селекција.
"Тие го знаеја мојот ориентир, дека јас не можав да настапувам за друга селекција. Тогаш дури важеа и правилата на ФИБА доколку си настапувал во некоја сениорска селекција минимум 3 години треба да паузираш како би можел да играш за друга селекција. Меѓутоа знаејќи го тоа правило и знаејќи го правилото на мојата матична репрезентација сепак не дојде до некоја конкретна понуда во тој правец", објаснува Наумовски.
"Харун Ерденај е мој противник во кошарката додека игравме. Тој настапуваше за Улкер јас за Ефес. Меѓутоа нашите противнички интереси за време на натпреварите се едно, а надвор од теренот ние сме одлични пријатели. Посебно ми е драго што моментално ја извршува истата функција во Турција. И морам да напоменам дека имаме одлична соработка", истакна Наумоски во врска со неговото пријателство со претседателот на турската кошаркарска федерација Харун Ерденај.
Тој исто така се осврна и на еколот на Југославија, потенцирајќи дека од овие простори голем број кошаркари имале свој удел во успехот на кошарката на европско и светско ниво, а на неговиот сонародник и кошаркар кој игра во турската кошаркарска лига Перо Антиќ му посака успех и во оваа сезона.
"Квалитетет кој што доаѓа од овие простории од поранешна Југославија, не само во Турција, туку имале придонес во успехот и во европски земји, па дури и во НБА. Така да сметам дека и во иднина тие квалитети ќе бидат застапени од нашава територија. А верувам дека и во тој правец се движи и работата и функционарањето на турската кошарка. А што се однесува до Перо Антиќ му посакувам се најдобро бидејќи настапува за Фенербахче, таму имам голем број на пријатели и посакувам се најдобро во оваа година", порача Наумовски.
Петар Наумоски е роден во 1968 година во градот Прилеп. Постигна голем успех во периодот кога играше кошарка во Турција и Италија.
Наумоски во текот на својата долга кариера играше за Сплит, Работнички, Ефес Пилсен, Бенетон Тревизо, Монтепаски Сиена, Олимпија Милано и Улкерспор постигна голем успех и доби многубројни признанија, како во Југословенското првенство и куп, Турско првенство и куп, така и во Европско Првенство.
Во април минатата година, Наумовски е избран за претседател на Кошаркарската федерација на Македонија.