Mutlu Demirtaştan
21 Октомври 2016•Ажурирај: 22 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Лионел Меси, аргентинската ѕвезда во шпанската екипа Барселона е најдобриот фудбалер на третата недела од Лигата на Шампионите, јавува Anadolu Agency (AA).
На натпреварот на Барселона против англискиот претставник Манчестер сити, во која на домашен терен победи со резултат 4 : 0, Меси постигна 3 гола и една асистенција. Според резултатите од гласањето на интернет-страницата на УЕФА, за Меси гласаа 38 проценти, и оваа сезона по вторпат беше избран за најдобар фудбалер на неделата.
Втор на листата беше играчот на Лечестер сити, Ријад Махрез, со 20 освоени поени, а пак фудбалерот на Борусија Дортмунд, Пиер Емрик Аубемјанг ја освои третата позиција со 15 поени.
Покрај овие, за избор на играч на неделата во конкуренција беа и Месут Озил од Арсенал, Ангел ди Мариа од Пари Сен Жермен, Јаник Карасо од Атлетико Мадрид, Џанлуиџи Буфон од Јувентус и Самир Насри од Севиља.