Dejan Maksimoviç
06 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
БАРСЕЛОНА (АА) - Лионел Меси и неговиот татко Хорхе, осудени се на 21 месец затвор поради затајување данок. Според шпанскиот закон секоја казна затвор до две години може да се отслужи како условна, па веројатноста е мала дека еден од најдобрите фудбалери на денешницата и неговиот татко казната ќе ја одлежи зад решетки, јавува Anadolu Agency (AA).
Меси и неговиот татко се обвинети за затајување данок, при што во периодот од 2007 до 2009 година ја оштетиле Шпанија за повеќе од четири милиони евра.
Судот во Барселона утврди дека и двајцата се виновни по три точки од обвинението за затајување данок. На Лионел Меси му е наложено дека мора да плати казна од два милиони евра, а неговиот татко Хорхе нешто помалку од милион и пол евра.
Таткото на Меси основал мрежа на лажни фирми во Уругвај, Белизе, Велика Британија и Швајцарија, со цел од шпанските даночни власти да ги прикрие одредените приходи од спонзорските договори.
Меси се бранел со тоа што константно тврдел дека се занимава со фудбал и дека не знае ништо во врска со тоа бидејќи со сметките раководеле неговиот татко и адвокатот.